Бремени жени откриле невообичаен прилог на волшебната за светот игра Pokemon Go ( “Покемон гоу”) – за забрзување на породилниот процес, пишува “Дејли стар”, повикувајќи се на истражување направено од специјализираниот британски канал Ченлмам. Мобилната апликација ги стимулира играчите да одат со километри во потрага на виртуелни Покемон на вистински места, потсетува весникот.

1469597166-pikachu-and-pokemon

Акушерките во породилиштата често им препорачуваат на бремените жени да се движат, за да се забрза раѓањето. Движењето е поврзано со ослободување на хормонот окситоцин, кој предизвикува контракции.

Сега сепак од болничкиот персонал не им нудат на бремените жени да прават прошетки, бидејќи многу од нив се веќе на нога и кружат по коридорите на породилиштата во потрага на Покемон.

Истражувањето открива дека една на секои 20 млади мајки веќе користеле  “Покемон гоу”, за да се забрза породилниот процес. Други 53 проценти од жените на кои им претстои да раѓаат, планираат да ги искористат предностите на нестандардниот метод.

Две од секои три учеснички во анкетата велат дека играта им помогнала и да ги понесат полесно болките, бидејќи е им го одвлекува вниманието од нив.

Амбер Вајлд од Лондон вели дека ја користела апликацијата за да се забрза раѓањето, бидејќи ги надоносила своите близначки. “Благодарение на” Покемон гоу ” ги добив” моите реални бебенца. Горда сум што сум” покемајка “, изјавила младата жена.

Слични содржини