Брисел е информиран за проблемите на ДКСК, вели Ивановска

од Nikola Popovski

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска синоќа порача дека европските институции се информирани за проблемите со кои се соочува оваа комисија.

Според неа, во Брисел се особено загрижени поради нискиот степен на реализација на активностите.

Таа додава дека состојбата во 2022 година, во споредба со 2021 година, во однос на реализацијата на активностите е уште полоша.

-Тоа покажува дека самата држава, самите институции не се заинтересирани нешто да направат во оваа насока, рече Ивановска во гостувањето на емисијата „Економски магазин“ на Тв Алсат.

Слични содржини