Британец 6 дена бил заглавен во бунар на Бали: Паднал додека бегал од куче, ја скршил ногата, еве како е спасен (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
348 прегледи

Еден 29-годишен Британец бил извлечен откако шест дена бил заглавен во бунар во кој паднал на Бали.

Имало мала количина вода во бунарот што можел да ја пие Џејкоб Робертс, а кога паднал во бунарот од длабочина од четири метри, ја скршил ногата, пренесува Би-Би-Си.

Несреќата се случила во селото Пеката, додека тој бегал од куче, а поради скршеница на ногата не можел да се спаси.
Бил спасен кога неговите повици за помош ги слушнал еден од селаните, кој барал храна за добиток во тој изолиран дел од селото.

Во спасувачката акција учествувале тројца спасувачи во заштитни одела, велејќи дека Робертс изгледал слабо и измачено.

Засега е непознато дали Робертс живее во Бали или е турист. Бали веќе два месеци е во карантин поради епидемијата на вирусот корона.

 

Слични содржини