315
Британскиот министер Мајкл Гов изјави дека владата ветила дека ќе обезбеди трговски договор со Европската унија до крајот на 2020 година.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари и премиерот Борис Џонсон треба да донесе закони за да спречи какво било продолжување на периодот на транзиција по крајот на следната година.
– Ќе дадеме се од себе за да ја завршиме работата навреме. Ќе постигнеме договор, а политичката декларација е обврзувачка за обете страни – рече Гов.