Британка била во врски со повеќе од 100 милионери

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Надја Есекс е девојка од лондонскиот кврат Челзи која порасна во богато семејство, но откако нејзините родители банкротирале во 90-те години на минатито век, нејзиниот живот се смени целосно.

190811-prostitute

Имајќи предвид дека уште од детството таа била навикната на луксуз, глетката како нејзината мајка ги собира последните пари што ги имале во куќата за да и купи книга за на училиште, била претешка за Надја.

Таа тогаш заклучила дека таквиот живот не е за неа и се поставила цел да си најде богат сопруг кој ќе и овозможи живот на висока нога.

– Досата ми е од фраери без пари. Се почитувам себе си и сакам убави работи, вели Надја.

Таа истакнува дека не е од тие типови на девојки кои се задоволуваат со просечни работи, туку дека сака и заслужува само најдобро.

Но, дека пронаоѓањето вистински милионер не е лесна работа, докажува нејзинот пример. Досега таа била во врска со повеќе од стотина милионери, но, како што вели, ниту еден од нив не бил „вистинскиот“.

270060-ako-ima-kokain-se-soglasuvame-na-seks-i-so-deset-mazhi-odednash

Таа вели дека времето што го поминувала со нив не било потрошено залудно, затоа што со нејзините богати момчиња го прошетала целиот свет и собрала колекција на скапоцени подароци, наведува „Дејли Бист“.

Надја вели дека за неа не е никаков проблем да пронајде богаташ, затоа што тврди дека ги усовршила триковите и знае каде може да ги најде.

– Милионери нема да најдете во локалните кафулиња, мора да ги знаете сите убави места во Лондон. Што се однесува до изгледот, морате да сте облечени адекватно. Никако не смеете премногу да ги покажувате градите или нозете, морате да бидете префинети, советува искусната Надја.