Британскиот државјанин Хајди Крос, кој го сменил полот од женски во машки, објави дека е бремен/а, пишува Metro.
20-годишниот младич од градот Глостер е во четвртиот месец од својата бременост. Тој ќе стане самохран родител, бидејќи бебето е зачнато од донатор. Соодветниот кандидат Крос го нашол на Facebook.
Британецот решил да смени полот, кога наполнил 17 години. Во текот на три години тој ги земал потребните хормонални препарати и си извадил пасош, каде веќе е прикажана неговата нова полова припадност.
Во исто време Крос го забавил процесот за промената на полот, бидејќи сфатил дека сака да има дете.
“Бременоста – тоа е многу женствен процес. Спротивно на тоа како јас го чувствувам своето тело. Но, исто така сакав бебе, па решив да го завршам процесот на промена на полот подоцна “, објаснил тој.
Како што раскажал пред изданието, по раѓањето Крос ќе го продолжи процесот за промена на полот и ќе ги отстрани млечните жлезди и јајниците. Тој исто така навел дека нема да ги крие од своето дете информациите за тоа дека во почетокот бил жена.
Слична судбина има и Американец од Филаделфија. Кајдон Коулман забременувајќи 10 години откако го сменил полот. Тој и неговиот партнер дознале за настапувањето на бременоста дури во 21-та недела. Лекарите претпоставиле дека Коулман забременил кога престанал да прима машки хормони пред подготовките за мастектомија (отстранување на дојката).