Британската кралица со емотивна порака: Целиот свет се смени, мора да се обединиме (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
196 прегледи


Кралицата Елизабета Втора од Британија вечерва се обрати на народот на Велика Британија од замокот Виндзор, каде се повлече поради пандемија од коронавирус со нејзиниот сопруг принцот Филип.

Како што истакнаа од Би-Би-Си на почетокот на емитувањето, Кралицата била замолена од британската влада да упати говор до народот затоа што тоа е национален приоритет со оглед на пандемијата на коронавирус.

Како и целата земја и светот, ситуацијата е лична за самата кралица, велат новинарите. Се вели дека членовите на семејството и пријателите на Кралицата имаат коронавирус.

„Јас ви се обраќам во ова исклучително предизвикувачко време. Оваа пандемија го смени целиот наш свет. Сакам да им се заблагодарам на сите што се борат со вирусот, особено на првите редови на британската здравствена организација. Сите сме заедно во ова. Од целиот свет доаѓаат снимки од големи напори на многу луѓе погодени од оваа пандемија, започна кралицата.

„Ако сме обединети и решителни, ќе ја надминеме целата оваа ситуација“, продолжи таа, а сепотсети и на нејзината сестра Маргарет.

„Сестра ми и јас само што зборувавме од замокот Виндзор за време на Втората светска војна и им се обративме на многумина кои не можеа да бидат со своите најблиски. Сега повторно се соочуваме со оваа состојба, но од друга причина, вели кралицата.

Слични содржини