Британската мутација на ковид 19 го зголеми бројот на новозаразени и на хоспитализирани.Висок број на заболени покрај тоа што секојдневно се регистрираат во Скопје, забележано и пораст во Кавадарци, Прилеп, Неготино и Охрид.
Земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет
Според анализите на Институт за имунологија, коронавирусот е повеќе проширен кај младите под 30 години а секој трет скопјанец стекнал имунитет на Ковид-19.
Теренскиот скрининг бил направена пред 4 дена во општини Аеродром, на две локации во Центар, Чаир и Карпош на околу 1000 случајни минувачи.
-Секој трет човек што шета по улица има поминато и има имунитет на оваа болест. Старосна – кај групацијата под 30 години имаме почеста преваленција. Ако вкупниот 31% кај изолираната група е 39% повеќе проширен е кај младите. Ретко слушаме дека некој стигнал до болница. Да знаеме до каде сме и уште колку ни треба. Околу 70 малку помалку % ќе имаат имунитет, вели Проф. Д-р Александар Петличковски тој додава дека разулатите кажуваат дека земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет, за што е потребно болеста да ја прележат најмалку 60 отсто од граѓаните.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.
Вакцинацијата на здравствените работници продолжува, додека сè уште нема вакцини за граѓаните. Властите без нови детали околу снабдувањето со вакцини.
Полицискиот час почнува од 22 навечер до 5 наутро, но претходно, младите го користат секој час за дружби и така доаѓа до ширење на вирусот.