Британската мутација ги полни болниците, „АстраЗенека“ пристигнува во недела

од Берта Китинска
308 прегледи

Британската мутација ги полни болничките установи. Бројот на заразени и починати секојдневно расте.

На сила се  уште е полицискиот час од 22-05 часот кој почна да важи од 10 март, а ќе трае до 6 април. 16 илјади активни случаи на зараза носат со себе и зголемен број на хоспитализации. Од вчера до денес осумдесетина нови пациенти се примени во Ковид-центрите во Скопје.

Астра Зенека пристигнува во недела

Министерот за здравство Венко Филипче се пофали дека за неколку дена ќе дојдат вакцини од фирмата Астра Зенека.

“Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот”, објави Филипче

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.

Слични содржини