Британскатa мутација се шири, овие три македонски града се ковид жаришта

од Берта Китинска
300 прегледи

Кај 50 проценти од новозаразените е детектиран британскиот сој.

-Ги следиме бројките и ги анализираме резулатите на пациентите кои беа дијгностицирани. Евидентно е зголемување на бројот во изминатиот период каде што е детектиран новиот британски сој на коронавирусот од 20 % до 50%, за последните два дена, од вкупниот број на заразени. Во Прилеп и Охрид има лесно зголемен број на хоспитализирани, а нешто повеќе во болницата во Кавадарци, но се надеваме дека тоа нема да биде тренд да ги исполни капацитетите на болницата, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека се следат сите нови студии и за ефектите на британскиот сој, но и за двете варијанти кои се појавија во Норвешка и Финска. Појаснува дека засега не се потребни нови рестриктивни мерки.

Жаришта на новиот британски сој на  коронавирусот се Кавадраци, Прилеп и Охрид.

Статистика:

Прилеп 5082, активни 474, денеска се регистрирани 55 нови

Кавадарци 3090, активни 466, денеска се регистрирани 35 нови

Охрид 3118, активни 392, денеска се регистрирани 17нови

Слични содржини