Британски „Ескпрес“: Посетете ја Македонија додека се уште не е преплавена од туристи

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот весник „Експрес“ во саботата објави туристичка репортажа за Северна Македонија во која ги советуваат британските туристи да ја посетат земјава додека се уште има релативно малку туристи, пред таа да стане популарна.

Убавите на земјава весникот ги опишува како потценети и препорачуваат посета на Охридското Езеро, кое е опишано како едно од најстарите и најдлабоките во Европа.

Освен Охрид и Охридското Езеро, весникот препорачува и посета на Скопје со сите свои знаменитости како Старата скопска чаришја и нејзините улички и Камениот мост.

„Совршен начин да се помине едно попладне во Скопје е да се истражува раздвижената Стара чаршија, движејќи се низ калдрмата на ова неверојатно место“ е цитиран посетител на Скопје, кој исто така препорачува туристите да пробаат и по една ракија со локалните жители во местото каде што никогаш не е здодевно.

Како главна точка на посетата на главниот град весникот го издвојува кањонот Матка, за кој пишуваат дека погледот што може да се види таму е неверојатнен.

„Дом на неколку манастири и пештери, езерото Матка е прекрасна локација која го одзема здивот, која сигурно ќе биде попопуларна бидејќи расте во светски размери. Се верува дека пештерата Врело е една од најдлабоките во Европа, ако не и во светот, а езерото е совршено за сите видови на водени спортови. Другите посетители можат да уживаат во прекрасни погледи, ресторани и патувања со брод на оваа скриена игра на дестинација“ пишува во „Експрес“.

Слични содржини