Британски научници: Деновите на Земјата стануваат подолги

од desk3

Деновите на земјата стануваат се подолги, но се мали шансите да ги прсметуваме . Ќе треба да поминат околу 6,7 милиони години, за да може деновите на нашата планета да се пролонгираат со една минута, покажуваат резултатите од истражувањето, пренесе Франс прес, цитирана од агенциите.


Гледано на долг рок, времето на Земјата се забавува поради гравитационото привлекување на Месечината и Сонцето. Земјата е под влијание исто од атмосферска циркулација, варијации во дебелината на ледената покривка, земјотреси.

Британски научници открија дека во последните 27 века просечниот ден е продолжен со околу 1,8 милисекунди на век. Тоа е значително помалку од проценките од порано за продолжување со 2,3 милисекунди на век. Тогаш се сметаше дека треба да поминат 5,2 милиони години, за да може денот да се продолжи за една минута.

“Процесот е многу бавен”, истакна коавторката на истражувањето Лесли Морисон од Кралската опсерваторија во Гринич.

За да ги добијат новите податоци, научниците извршиле повеќе прецизни пресметки поврзани со силите и феномените, кои ја успоруваат ротацијата на Земјата. Биле користени исто собрани податоци од Вавилонци, Кинези, Елини, Арапи и Европејци за древни податоци за еклипсите. Станува збор за набљудувања од 720 година пр. Христа до 2015 година

Слични содржини