Лорд Мајкл Бејтс, член на горниот дом на британскиот парламент на Домот на лордови поради доцнење на седница поднел оставка, но британската премиерка тереза Меј не му ја прифати, оценувајќи дека таков потег не е потребен.

Имено, Бејтс задоцнил на почетокот на седницата на Домот на лордови и го пропуштил прашањето на лабуристичката бароница Листер. Потоа рекол дека е „засрамен поради непочитувањето кое го искажал кон бароницата“ па излегол од салата иако останатите членови му велеле да остане.
Тој и се извини на бароницата што не бил на своето место па на прашањето и одговорил друг негов колега.