Британски „телеграф“ денеска по грешка, објави дека умрел принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета II, пренесува Independent.

„ВНИМАНИЕ, ВНИМАНИЕ, ВНУМАНИЕ, принцот Филип, војводата од Единбург, почина на XX години“, гласел насловот во „Телеграф“.
Во непотполниот текст се наведува дека новостите ги соопштила Кралската палатаво Лондон.
„Принцот Филип, кого кралицата го опиша како нејзина сила и поддршка за време на нејзиното владеење почина XXXXXXX.
Дополнителни детали
Принцот ќе биде погребан во согласност со своите желби, а кралската церемонија ќе биде организирана за седум дена“, пишувало во веста.
Иако веста е брзо избришана, а место неа соопштено е дека Принцот Филип се повлекува од јавноста, по интернет се уште кружат снимки од екранот каде се гледа грешката.
Ова не е прв пат да се извести по грешка дека починал принцот Филип.
Порано госинава и магазинот “San” објави вест со наслов „Принцот Филип почина во 95 година“…