Амбасадорот на Велика Британија во Саудиска Арабија Сајмон Колиз стана првиот висок дипломат во Саудиска Арабија, кој го прифатил исламот и отишол на Хаџ, објави “Дејли мејл”. Колиз објаснил дека одлучил да стане правоверен, откако 30 години живеел меѓу муслимани. Тој го прифатил исламот непосредно пред да се ожени за својата сопруга Худа, која е сиријка.

Колиз работел во дипломатските мисии на Велика Британија во Сирија, Ирак, Катар, ОАЕ, Јемен и Тунис.