Британскиот министер им порача на италијанските навивачи да не доаѓаат на финалето

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс им порача на италијанските навивачи во петокот да не се обидуваат да патуваат во Англија за финалето на овогодинешниот турнир на Евро 2020 во недела.

Англија во финалето ќе се соочи со Италија во недела на лондонскиот стадион „Вембли“, каде се очекува толпа од околу 60.000 луѓе. Меѓу нив ќе има малку Италијанци, бидејќи британските правила за патување налагаат секој што ќе пристигне од Италија да биде во самоизолација 10 дена.

На прашањето во петокот што ќе им каже на италијанските навивачи кои ќе се обидат да дојдат на мечот, Шапс рече: „Одговорот на тоа едноставно прашање е – немојте. Ако откриеме дека луѓето доаѓаат само за фудбал, нема да им биде дозволено, а всушност затоа се откажани многу чартер летови и директни летови“, рече тој за Times Radio.

 

Слични содржини