Министерот за здравство на Британија, Саџид Џавид се извини откако рече дека луѓето повеќе не треба да се повлекуваат пред коронавирусот, објави Би-Би-Си.
Во контроверзната објава на Твитер, Џавид напиша дека целосно се опоравил од коронавирусот една недела по позитивниот тест за ковид-19 и дека треба да се вакцинираме за да се живее со вирусот, наместо да се повлекуваме пред него.
Лабуристите го обвинија за девалвирање на оние кои ги почитуваат епидемиолошките прописи, а основачот на здружението на жртви на болеста ги опиша неговите коментари како „крајно бесчувствителни“.
„Избрав погрешни зборови и искрено се извинувам“, рече Џавид. „Благодарен сум што вакцините ни помагаат да се бориме заедно“, додаде тој.
I've deleted a tweet which used the word "cower". I was expressing gratitude that the vaccines help us fight back as a society, but it was a poor choice of word and I sincerely apologise.
Like many, I have lost loved ones to this awful virus and would never minimise its impact.
— Sajid Javid (@sajidjavid) July 25, 2021