Нова варијанта на коронавирусот наречена Кент, по округот во југоисточна Англија каде што првпат се појави на 20 септември минатата година, може да биде посмртоносна од оригиналната, предупредија вчера научниците на САГЕ, и тоа поради промената забележана во белите дробови.
Според научниците, новиот вид корона се шири побрзо во белите дробови од оној што се појави во Кина и започна пандемија.
На борбата на Велика Британија против короната ѝ се нанесе уште еден удар со појавата на новиот вид, така што премиерот на оваа земја, Борис Џонсон, во петокот изјави дека оваа варијанта е 30% повеќе смртоносна во споредба со онаа од Кина.
Со недели е познато дека варијантата Кент е далеку позаразна од оригиналниот вид, благодарение на мутација на шилестиот протеин, што го олеснува врзувањето на вирусот со клетките на човечкото тело.
Виш експерт и епидемиолог на САГЕ од Оксфорд, Питер Хорби, вчера изјави дека мутациите што го прават новиот вид попренослив можат да бидат одговорни и за поголема смртност, како резултат на инфекции предизвикани од новата варијанта.
Професорот Хорби истакна дека нема докази дека Кент-вирусот е отпорен на вакцини и тековни третмани против ковид, кои не се поврзани со вирусот, туку со реакцијата на домаќинот.
Осум одделни анализи ги споредувале стапките на смртност помеѓу двата доминантни соеви на ковид кои моментално циркулираат во Англија и заклучиле дека Кент е посмртоносен.
Водечкиот научник кој стои зад една од тие студии, д-р Џон Едмундс, рече дека иако наодите се загрижувачки, процентот на заразени луѓе кои умираат може да биде уште помал оваа зима отколку во пролетта, бидејќи здравствените работници сега имаат повеќе одобрени лекови на располагање, лекарите се борат против вирусот поефикасно.
Бројни студии покажаа дека стапката на смртност кај пациенти со ковид на интензивна нега е намалена за една третина во споредба со врвот на инфекцијата во април.
Варијантата Кент на вирусот брзо стана доминантен вид во Велика Британија, што доведе до зимски бран на инфекции и зголемен прием во болниците, што ја стави Англија под третиот карантин.
Студиите направени во Велика Британија покажаа дека новиот вид е позаразен од 50 до 70 проценти од оригиналот.
– Промената N501Y (како уште се нарекува новиот вид) ја зголемува силата на врзување на вирусот за клетките. Ако имате многу посилно врзување, можеби ќе ви треба значително помала доза за да се заразите. Ако вирусот е во можност побрзо да се шири помеѓу клетките, тоа може да ја зголеми стапката на заболување и стапката на воспаление“, рече Хорби на конференцијата.
Се смета дека Кент-видот полесно се врзува за клетките и побрзо се шири низ телото, што би значело следново: луѓето кои ќе се заразат со новиот вид ќе имаат поголемо вирусно оптоварување.
Професорот и член на САГЕ, Греам Медли рече дека поради новиот вид, не треба да правите нешто многу поразлично.
– Ако сакаме да го намалиме бројот на смртни случаи, мора да ја намалиме инциденцата. Намалувањето на случаите е критична работа – рече тој.