Британците одлучија „Пост-вистина“ влегува во Оксфордски речник

од Vladimir Zorba
87 прегледи

„Пост-вистина“ (post-truth) е зборот што лингвистите кои го составуваат британскиот Оксфордски речник го избраа за збор за 2016 година.

download-1

Овој збор одразува состојба во која фактите се помалку важни од емоциите, како сега, по одлуката на Британија за Брегзит и по победата на Доналд Трамп на изборите во САД, работи што многумина не ги очекуваа.

„Post-truth“ се однесува на „околностите во кои објективните факти имаат помало влијание врз обликување на јавното мислење, отколку емоциите и реакциите во општеството,или лични и поединечни ставови“.

За збор да може да се внесе во Оксфордскиот речник, мора да се користи најмалку 10 години во медиумите или кнежевноста. Лингвистите соопштиле дека во случајот на овој термин дополнителен критериум било зајакнувањето на социјалните мрежи како извор на информации и се поголемата недоверба кон фактите што ги изнесува естаблишментот.