Бритни Спирс побарала од фановите малку приватност

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Ден откако фанови се собраа во западен Холивуд за протест, Бритни Спирс ја наруши тишината и одговори на шпекулациите дека е држена во психијатриска клиника против нејзина волја.

“Постојат гласини заради кои членови на семејството и мојот тим примаат смртни закани. Се обидувам да си земам време за себе, но работите што се случуваат го прават тоа многу тешко. Не верувајте во сè што го читате и слушате. Вашата љубов и посветеност се одлични, но сега ми треба малку приватност за да се справам со тешкотиите што ги доживеав во животот. Би било прекрасно ако можете да ми ја дадете “, поттикнува ѕвездата.

Спирс влезе во болницата во почетокот на април, според информациите, доброволно.