Бритни Спирс предизвика хаос во Ерусалим

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Турнејата на Бритни низ светите места предизвика земјотрес кај фановите

Пристигнувањето во Израел на Бритни Спирс предизвика вистинска врева, соопшти списанието. “Variety”. Ова е прва посета на ѕвездата во земјата. Турнејата на Бритни низ светите места во стариот дел на Ерусалим беше опишана од израелските медиуми како несекодневност . Западниот ѕид е достапен само пеш, пз  пејачката и нејзиниот тим биле подложени на вистински предизвик, додека приликата ја искористиле толпи навивачи, гледачи и новинари.

Бритни денеска  ќе има изведба во Тел Авив во паркот светлост, каде што неодамна настапи Џастин Бибер и “Аеросмит”, а на 19 јули на сцената треба да излезат Radiohead, за да ги израдуваат своите фанови. Евентуалната средба на Бритни со премиерот Бенјамин Нетанјаху стана повод за гласини и шпекулации. Според Ynet Спирс ја  откажала можната средба со силниот човек на Израел, но во исто време се појави информација дека таква средба никогаш не била  ниту закажана. Од кабинетот на премиерот излегоа слични информации. Пред концертот вечерва Бритни ќе  посети пациенти во детска клиника за рак .