Брижит Макрон: Кога почнав да се гледам со Емануел јас имав 40, а тој 15 години

од Stefanija Kuzmanovska
469 прегледи

Брижит Макрон вели дека чекала една деценија за да се омажи за францускиот претседател Емануел Макрон за да избегне да ги уништи животите на нејзините деца, кои биле отприлика на негова возраст.

Француската прва дама (70) во интервју за печатеното издание на магазинот „Paris Match“, како што пренесува „Тајмс“ дала необичен увид во односот со својот сопругот (45).

„Единствената препрека беа моите деца. Земав малку време за да не им го уништам животот. Тоа траеше 10 години, но не сакав да го пропуштам својот живот“, навела таа.

Парот почнал да се гледа кога таа имала 40, а тој 15 години. Таа му била наставничка по драма во училиштето во Амиен, град во северна Франција, а дури имала и ќерка која му била соученичка.

Дури и кога неговите родители го испратиле во Париз откако нивната врска излегла на виделина, тој сепак бил решен да биде со неа.

„Си реков дека ќе се заљуби во некоја на негова возраст. Тоа не се случи. Не знам како моите родители, кои беа модели на верност и добро образование, би реагирале на нашиот брак“, додала Брижит.

Таа се развела од својот поранешен сопруг Андре-Луис Озиер, банкар, во 2006 година. Озиер почина во 2019 година. Тие имаат еден син и две ќерки, кои сега имаат 48, 46 и 39 години. Таа потоа се омажила за Емануел Макрон во 2007 година, 10 години пред тој да стане претседател на Франција во 2017 година. И додека неговите родители се надевале дека далечината ќе ја разлади топлината на страста, младиот Емануел ветил дека ќе се ожени со поранешната г-ѓа Озиер и цврсто се држел за зборот. На 39-годишна возраст, Макрон стана најмладиот претседател на Франција во историјата, на иста возраст како и неговата сопруга кога се запознале.

За време на приемот на нивната свадбена церемонија, претседателот Макрон им се заблагодарил на сите кои ги прифатиле, иако тие не се сосема нормален пар.

Пофалувајќи го својот сопруг, првата дама рече дека неговиот остар интелект продолжува да ја изненадува секој ден.

„Никогаш не сум видела таква меморија… таков интелектуален капацитет. Имав многу одлични ученици, но никој од нив не ги имаше неговите способности. Секогаш му се восхитував“, заклучува првата дама на Франција.

Слични содржини