Вечерва се случи комична сцена во Собранието, откако пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ отиде до пратеничката Даниела Марковска од СДСМ, која, пак, со микрофон се шеташе низ салата за да не ѝ биде одземен.
Мицевски реагирал вака, затоа што спикерот Џафери не му дал процедурално да се изјасни. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметал дека тоа право му следува по Деловникот, а не да добиваат збор други пратеници.
По ова собранискиот спикер морал да повика и обезбедување.
„Обезбедување, тргнете го координаторот од туѓо место, не му е место таму“, изјавил Џафери.
Низ собраниската сала можеле да се слушнат удирање по маси и свирежи од свирчиња.