206
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија ќе има два милиони вакцини од различни производители до крајот на јануари, вклучувајќи ги и количините што пристигнаа на крајот на декември.
Дополнителни 1,3 до 1,5 милиони дози вакцини се очекуваат во февруари, вели таа.
„И така до мај, јуни и се надевам дека ќе можеме да ја завршиме вакцинацијата. Ако успееме, ќе бидеме една од првите земји што ќе ја завршиме во Европа “, рече Брнабиќ.
Таа повтори дека Србија во моментов има договор за осум милиони вакцини, од различни производители, што е доволно за вакцинирање на четири милиони луѓе, наведувајќи дека властите рано започнале преговори.