Брнабиќ е првиот српски граѓанин што ја прими вакцината Фајзер (видео)

од Nikola Popovski
230 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, е првиот граѓанин на нашиот северен сосед, што ја прими вакцината Фајзер.

Како што било најавено, таа и министерката за труд, вработување и социјални работи, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон први ја примија вакцината против коронавирусот во Србија во Торлак утрово.

Покрај нив, од 11 часот денеска ќе бидат вакцинирани и првите граѓани, корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

Министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ утрово за РТС изјави дека е исклучително горда што Србија е меѓу првите што ја набави вакцината и дека сака со личен пример да покаже колку е важна.

Слични содржини