Брнабиќ: Не сакаме несигурни партнери за 5G мрежата

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Србија не е заинтересирана за несигурни технологии, напротив, во интерес е тендерот за воведување на 5G мрежата да биде отворен и транспарентен, притоа почитувајќи ги меѓународните стандарди, што подразбира договор од Вашингтон, изјави премиерот на земјата, Ана Брнабиќ.

„Ги разбирам сите интриги во рамките на некои точки од договорот од Вашингтон, но нашата делегација немаше лесна задача. Претседателот Александар Вучиќ успеа да ја задржи вратата отворена со сите партнери, без да ја стави Србија во незавидна позиција да ги крши нејзините норми“, рече Брнабиќ, одговарајќи на новинарски прашања за време на нејзината посета на „Хуавеи“.

Нашите норми се, посочи таа, отворена транспарентна набавка, во која се почитуваат сите наши партнери.

„Ниту нас не нѐ интересираат несигурни технологии. Но, она што ќе го воведеме, кога станува збор за мрежите 5G, мора да бидат меѓународни стандарди, кои се почитуваат насекаде во светот“, изјави Брнабиќ.

Таа рече дека набавката, од која сè уште сме далеку, мора да биде отворена, транспарентна и не смее да има дискриминација кон кој било партнер.

„Така и ќе биде, и тоа не е во спротивност со договорот од Вашингтон“, истакна премиерот.

Додаде дека разговарала за тоа и со претставниците на „Хуавеи“ и дека двете страни „апсолутно исти“ ја сфатиле поентата на договорот дека Србија мора да има отворен и транспарентен тендер за партнери, кога ќе дојде време за 5G мрежата.

Слични содржини