Брнабиќ: Одамна го заслуживте датумот за преговори со ЕУ, Бугарија прави опасен преседан

од Nikola Popovski
308 прегледи

„Многу се ираздував кога утрово пристигнав на охридскиот аеродром и ми стигна порака дека повеќе не плаќаме за роаминг на Западен Балкан“, изјави српската премиерка, Ана Брнабиќ во изјава за медиумите од Преспанскиот форум за дијалог.

Таа наведе дека е лош преседан тоа што Бугарија ѝ го прави на Македонија.

„Европските интеграции не треба да се врзуваат со билатералните прашања. Отворените проблеми не треба да се носат во ЕУ. Се надевам дека и во иднина нема да видиме вакви проблеми, иако се плашам дека Пандорината кутија е отворена. Исто така се надевам дека до крајот на годината ќе го добиете посакуваниот датум за преговори со ЕУ, кој одамна го заслуживте. Имате целосно поддршка од Србија“, рече Брнабиќ.

Слични содржини