419
„Србија е во специфична положба кога зборуваме за синергија меѓу ЕУ и САД. Ние сакаме да се приклучиме кон Европскиот сојуз, но не сакаме да бидеме дел од НАТО“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ на Преспанскиот форум за дијалог.
Таа додаде дека нејзината земја е воено-неутрална и се залага за тоа.
„Имаме одлична билатерална соработка со САД, во тој контекст. Се разликуваме од сите држави во регионот, освен од БиХ“, додаде Брнабиќ.