Брнабиќ: Најверојатно ќе има нови избори во Белград

од Vladimir Zorba
337 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека најверојатно во Белград ќе има нови избори, по изборите на 17 декември досега никој не успеал да обезбеди доволно мнозинство во градското собрание.

„Најверојатно ми се чини дека ќе одиме на избори. Уште еднаш сакам, апсолутно убедена во се што направивме, да кажам дека не е украден ниту еден глас. Дека имало повеќе нивоа и повеќе системи на контрола. Никогаш ваква контрола на изборите во Србија, не постоела. Од избирачкиот список, кој е целосно транспарентен и можете да пристапите на веб-страницата на Министерството за државна управа, локална самоуправа“, изјави Брнабиќ за ТВ Прва. .

Таа додаде дека избирачкиот список автоматски се ажурира на секои три месеци.

Слични содржини