Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Белград не воведе санкции кон Русија, но дека Србија не е и нема да биде платформа за заобиколување на санкциите воведени од Европската унија.
-Што се однесува до војната во Украина, Србија не е вредносно неутрална и јасно се определила во однос на нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина, рече Брнабиќ на средбата со меѓународниот специјален претставник за спроведување на санкциите на ЕУ, Дејвид О’Саливан.
-Србија е кредибилен и доверлив партнер, изјавила Ана Брнабиќ, соопшти Владата на Србија.
О’Саливен разменил мислења со Ана Брнабиќ за конкретни чекори што треба да се спроведат со трети земји за да се спречи заобиколување на санкциите и се заблагодари за отворениот и конструктивен однос и подготвеност за понатамошна соработка.