Брнабиќ за протестите: Не ги интересираат кампањи, избори и резултати, туку само дестабилизација на државата

од Vladimir Zorba
427 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за телевизијата „Пинк“ изјави дека „државата ќе го чува мирот“ и ќе врати „сè што беше уништено вечерва“ од оние што протестираат.

– Тие работи ќе треба да се платат од буџетот. Уништија имоти на луѓе. Имате група насилници кои мислат дека се им е дозволено. Не ги интересираат кампањи, избори и резултати, туку само дестабилизација на државата – рече премиерот.

Според неа, бил направен обид насилно да се влезе во белградското Собрание, при што биле нападнати полицајци и искршени стакла.

Претставници на „Србија против насилството“ се обидоа да влезат во Градското собрание, но беа спречени од полицијата, по што незадоволни граѓани ги искршија стаклените врати и прозорци на таа зграда, а полицијата ги испрска со солзавец.

Слични содржини