Брнз подетално го информирала Мицкоски за извршната наредба на Бајден

од Nikola Popovski

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз објави дека денеска со сретнала со лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски. Таа го брифирала за извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, за Западен Балкан.

„Извршната наредба ја одразува посветеноста на администрацијата на Бајден за борба против корупцијата и зајакнување на демократските институции, кои се важни приоритети за прифаќање на сите партии во Северна Македонија, така што оваа земја може да влезе во ЕУ и да види како се подобрува животот на своите граѓани“, стои во твитот на Брнз.

Американскиот претседател Џо Бајден неодамна потпиша Извршна наредба за замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан, вклучувајќи ги оние лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор.

„Јас, Џозеф Бајден Помладиот, претседател на САД, го проширувам опсегот на итната состојба објавена со Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 (Замрзнување на имот на лица кои ги загрозуваат меѓународните напори за стабилизација на Западен Балкан), прецизирана со Извршната наредба 13304 од 28 мај 2003 (Прекинување на итната состојба во врска со Југославија и модификација на Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001), наоѓајќи ја ситуацијата на територијата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), изминативе две децении, вклучувајќи го поткопувањето на поствоените договори и институции по распадот на поранешната СФРЈ, како и широкораспространетата корупција во разни влади и институции во Западен Балкан, го отежнуваат напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции и затоа претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во Извршната наредба.

 

Слични содржини