Американската амабасадорка Кејт Мери Брнз по средбата со премиерот Зоран Заев се огласи на својот Твитер профил.
„На средбата со премиерот Заев истакнав дека го цениме нашето билатерално партнерство со Северна Македонија и сакаме да ги видиме што е можно поскоро да почнат преговорите за пристапување во ЕУ“, напиша Брнз.
Таа додаде дека како амбасада гледаат позитивен пат напред и се задоволни од тековниот разговор и од Бугарија и од С. Македонија за придвижување на пристапувањето на нашата земја кон ЕУ.
At a meeting with @Zoran_Zaev, I emphasized that we value our bilateral partnership with North Macedonia and want to see EU accession talks as quickly as possible.
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) May 26, 2021
Премиерот Заев се заблагодари на големата поддршка од САД, како клучен стратешки партнер во развојот и во демократизацијата на Северна Македонија и најави дека нашата држава и натаму ќе дава аргументи за да продолжи поддршката од САД и од меѓународните пријатели.
„Фокусирани сме кон позитивен развој на настаните во врска со следниот чекор во евроинтеграциите, како и кон развојот на добрососедските односи со Бугарија. Продолжуваме и со реформското темпо, како и со борбата со криминалот и корупцијата. Владата е цврсто определена кон поддршка на независноста на судството и еднаквост на секого пред законите. Со смирувањето на пандемијата очекуваме засилување на темпото на големиот инвестициски план што го имаме, а чијашто цел е унапредување на животниот стандард на граѓаните на економски план и според европските вредности”, рече премиерот Заев.
На состанокот е поздравена определеноста на Владата кон успешно справување со криминалот и корупцијата. Исто така, заеднички е оценето дека е важно сите политички субјекти да дадат свој придонес во Парламентот, за прашањата од полза на граѓаните.