103
Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 17.000.
Турскиот претседател Ердоган рече дека во катастрофата се повредени уште 63.794 лица, а уништени се 6.440 згради.
Тој денеска при посетата на Газиантеп, една од покраините погодени од земјотресите на југот на земјата, рече дека од денеска ќе стапи во сила вонредната состојба во десет провинции погодени од земјотресот, пренесува Си-Ен-Ен.