Бројот на активни случаи опаѓа, продолжува скринингот кај граѓаните

од Берта Китинска
326 прегледи

Бројот на активни случаи полека опаѓа, а продолжува трендот на повеќе оздравени отколку заразени лица со Ковид-19 во земјата.

Вчера беа евидентирани 631 нов случај на Ковид-19, од направени 2.818 тестови. Регистрирани се шест починати пациенти, а 910 оздравени.

Надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата и оти веќе се наоѓаме во надолна крива на епидемиолошката состојба.
Во меѓувреме, се врши скрининг за имунитетот на граѓаните во Скопје и во другите градови, а продолжува и скринингот во училиштата.

Досега во земјата се направени вкупно 1.880.891 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.712, бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968 а бројот на активни случаи изнесува 5.162.

Слични содржини