Бројот на активни случаи под 300, нема заразени од коронавирус во 10 града

од Берта Китинска
203 прегледи

Епидемиолошката состојба со ковид 19 во земјава е стабилна. Вчера немаше регистриран смртен случај , а забележани се само осум нови лица заболени со коронавирусот.

Во Пехчево, Македонска Каменица,Дојран,Богданци, Пробиштип, Берово, Свети Николе, Ресен, Кавадарци  и Демир Капија нема ниту еден активен носител на вирусот.

Индсикиот вид беше регистрирана кај втор пациент во земјав.

„Нова форма на мутација која може да биде позаразна од сегашните активни е присутна насекаде. Но, што е многу важно, дека буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Епидемиолошките анкети покажаа дека нема потреба од дополнителни мерки“,кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.