Бројот на ковид-случаи во светот надмина 160 милиони: Оваа земја се уште е прва по бројот на заразени

од Nikola Popovski
269 прегледи

Од почетокот на пандемијата на коронавирус, во светот се регистрирани повеќе од 160 милиони пациенти, од кои скоро 19 милиони се моментално активни, покажуваат најновите податоци на сајтот „Worldometers“.

Како што е наведено, 160.021.129 лица ширум светот досега биле заразени со коронавирусот, 3.323.714 починале, а 137.713.834 се опоравиле од оваа инфекција.

Во моментов има активни 18.983.581 случаи на коронавирус во светот, а 0,6 проценти од пациентите, поточно 106.205, се во сериозна или критична состојба.

САД продолжуваат да водат по бројот на случаи со повеќе од 33,5 милиони инфекции и 596.264 смртни случаи.

На второ место според бројот на пациенти е Индија со повеќе од 23 милиони пациенти, а на трето е Бразил со повеќе од 15 милиони пациенти.

Другите држави имаат помалку од шест милиони регистрирани случаи на коронавирус.

Според смртните случаи, Бразил е на второто место со 423.436 смртни случаи, Индија е на трето место со 253.352 смртни случаи, а Мексико е на четврто место со 219.089 смртни случаи.

Слични содржини