Бројот на новодијагностицирани ковид-случаи во земјава е се уште висок.На само ден по стартот на учебната година веќе се регистрирани првите случаи на заразени деца во основните училишта.За тоа колкав број има позитивни ученици од министерството за здравство најавија повеќе детали за денес.
Според податоците од надлежните најмногу заразени има во:
Скопје 76805, Активни 5899
Куманово 10340, Активни 938
Тетово 10419, Активни 1972
Гостивар 7697, Активни 1158
Во меѓувреме тече вакцинацијата на сите пунктови низ државата. Во тек е и теренската имунизација.
Во земјава заклучно со 1 септември вакцинирани се вкупно 733 226 граѓани. Во државата се аплицирани 1 280 332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547 105 граѓани.
Согласно последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.