292
Бројот на починати од ковид 19 останува околу 30 дневно, но има мал пад на бројот на новозаразени изминативе денови.
Вчера меѓу починатите е и 18-годишна девојка од Гевгелија која била бремена во седми месец и имала коморбидитети, тешко срцево заболување и редок генетски синдром.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.