Србија има вкупно 741 случаи на заразени со коронавирус, објавија денес српските медиуми.

Од последниот извештај, во 14 часот, потврдени се 82 нови случаи на заразени во Србија, па сега бројката се зголеми на 741.
Уште три лица починаа во Србија од вчера, потврди д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ на прес-конференција во српската влада. Бројот на смртни случаи од коронавирус во Србија сега е 13.
Медиумите објавија дека утрово првите 10 пациенти биле сместени на белградскиот саем, во сала 1, каде се подготвени 3.000 легла за пациенти.