Бројот на заболени опаѓа: „Состојбата не е се уште позитивна за ослободување на мерките“

од Берта Китинска
301 прегледи

Во моментов Македонија е меѓу жолтата и зелената зона и се очекува во теков на неделава да влеземе во зелената зона, вели министерот за здравство Беким Сали кој смета дека состојбата не е се уште толку позитивна за ослободување на мерките.

-Јас посакувам многу повеќе од вас да бидам првиот што ќе најави дека од утре сме без маски и сигурно ќе бидам запаметен по таа изјава, но состојбата се уште не е толку позитивна да можеме да кажеме ‘од денеска сме слободни’, истакна Сали.

Посочи дека веќе не е показател само бројот на новоинфицирани, многу е значајно на 100.000 жители колку се новоинфицирани, колку се хоспитализирани и колку се со последици од тоа.

– И индикаторот за хоспитализација и за новоинфицирани е позитивен. Се надевам дека оваа недела ќе испаднеме во зелена зона, меѓутоа дали ние сме подготвени да ги ослободиме мерките не сум сигурен и ќе треба да видиме што ќе одлучиме во среда на состанокот на Комисијата. Државите кои ни се репер индикаторите биле пониски од нашите, а и се вакцинирани над 80 отсто, така што и природната и вештачката имунизираност кај народот не е гарант дека нема да се врати претходната состојба, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по примопредавање нова опрема од социо-економскиот грант од јапонската Амбасада за Хируршките клиники.

Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.

Слични содржини