2,6K
Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот денеска надмина 5.000, а повеќе од 15.000 се ранети.
Според Министерството за здравство во таа палестинска енклава, од 7 октомври во израелските напади загинале најмалку 5.087 Палестинци, од кои 2.055 биле деца. Повредени се 15.273 лица, пренесе Ал Арабија.
Министерството додаде дека најмалку 436 лица, меѓу кои 182 деца, загинале во изминатите 24 часа. Во соопштението се наведува дека повеќето од жртвите се на југот на Појасот Газа, каде што се евакуираат палестинските цивили по предупредување од Израел.