Бројот на заразени во Италија опадна за 80% по првата вакцина

од Vladimir Zorba
502 прегледи

Бројот на заразени лица од сите возрасти опадна за 80 проценти, пет недели по првата доза на Pfizer, Moderna или AstraZeneca, покажа студија во Италија објавена денес.

Првата студија од ваков вид во Италија беше спроведена со помош на Националниот институт за здравство и Министерството за здравство, на примерок од 13,7 милиони луѓе.

Научниците ги користат податоците од почетокот на вакцинацијата во Италија на 27 мај, до 3 мај.

Анализите покажаа дека ризикот од инфекција, хоспитализација и смрт значително се намалил по 14 дена од првата доза.

„По 35 дена од првата доза, има 80 проценти намалување на инфекциите и 95 проценти намалување на смртноста“, рече институтот.

До утрово 8,3 милиони Италијанци биле ревакцинирани, односно 14 проценти од населението, а други десет милиони ја добиле првата доза.

Слични содржини