Бројот на заразени во САД надмина 7 милиони

од Vladimir Zorba

Во Соединетите Американски држави бројот на заболени со коронавирусот надмина седум милиони, а бројот на смртни случаи во таа земја надмина 200.000.

Според статистиката на агенцијата Ројтерс во САД, повеќе од 700 луѓе умираат секој ден од вирусот Ковид-19, повеќе од 400.000 се разболуваат, а кога станува збор за бројот на пациенти, најголемиот број случаи, повеќе од 800.000, е регистриран во Калифорнија.

На Средниот Запад, со исклучок на Охајо, има забележително зголемување на бројот на случаи од средината на септември, најмногу во Јужна и Северна Дакота.

Слични содржини