194
Бројот на жртвите од силниот земјотрес кој на Нова година ја погоди префектурата Ишикава и околните области во централна Јапонија достигна 180, а 120 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти.
Подоцна во текот на денот локалната полиција со околу 100 луѓе ќе започне опсежна операција за пребарување во урнатините на опожарениот пазар во Ваџима, каде што избувна голем пожар по земјотресот со јачина од 7,6 степени, пренесува новинската агенција Кјодо.
На пазарот Ваџима околу 200 згради се уништени во пожар кој избувнал на први јануари, соопштиле локалната општинска администрација и пожарникарите.