Бројот се зголемува: 72 медицински работници во Македонија заразени од коронавирусот

од Берта Китинска
357 прегледи

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 72 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податоци до 7.април.

Коронавирус

Познато е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

Заболени здравствени работници има од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар.

Слични содржини