Брускети со туна

од desk2
160 прегледи

Вкусна закуска која ќе ја обожавате!

СОСТОЈКИ:
1 леб
2 средни пиперки
10 кисели краставички
1 конзерва туна во парчиња
2-3 лажици сенф
сол
бибер
рузмарин
маслиново масло
5-6 чешниња лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ситно исечкајте го лукот и измешајте го со маслиново масло, а потоа премачкајте го секој брускет. Потоа ситно исечкајте ги краставиците и пиперките и во тоа додајте добро иситнета туна. Сè измешајте и додајте зачини и малку маслиново масло. Преку брускетите со лажица ставете смеса од туна и печете околу 15 минути на 200 степени. Брускетите можете да ги декорирате со домати или црвена пиперка.
Добар апетит!