Брутални и безмилосни: Хороскопски знаци кои важат за најмалку чувствителни

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Дознајте кои хороскопски знаци се сметаат за најбезчувствителни. Доколку ги имате за пријатели, немојте да се чудите ако не ви пружат емоционална поддршка кога ви е најпотребна. Понекогаш тоа е затоа што ги кријат своите чувства од другите и ги гледаат како слабост, а понекогаш затоа што едноставно се повеќе фокусирани на себе. И не само што можат да бидат бездушни, туку понекогаш се однесуваат многу брутално и безмилосно!

Овие три хороскопски знаци важат за најмалку чувствителни:

Скорпија

Познато е дека Скорпиите се моќен воден знак со остар интелект, постудени и позатворени од кој било друг знак. Молкот и сарказмот се нивното вообичаено оружје за одбрана или напад на другите. Со овој хороскопски знак владеат Марс и Плутон, а тие не се плашат буквално да го „запалат минатото“ доколку саканиот исход не успее и тие почнат одново. Знаат да забијат удар во најлошото време и на најлошото место, никогаш нема да заборават ако ги повредите и знаат да бидат одмазднички настроени и деструктивни.

Близнаци

Близнаците се друштвени луѓе, „пеперутки“ кои летаат од цвет на цвет, односно многу често менуваат пријатели и тимови. Со оглед на тоа што постојано се во близина на толку многу различни луѓе, тие знаат да се заштитат себеси со еден вид „ѕид“ над кој само неколкумина избрани можат да го прескокнат. Тие живеат во свет на свои правила и реалност, поради што не се мешаат во туѓите грижи и проблеми, па дури и бездушно се поставуваат. Во нивниот ум, ако нешто не е во ред, проблемот е во вас, а не кај нив. Овој воздушен знак е многу веројатно да биде груб и бесчувствителен затоа што, на крајот, го сака она што е најдобро за себе.

Стрелец

Огнен знак кој секогаш ги наоѓа најдобрите начини да напредува во животот и често се однесува многу безчувствително кон другите. Стрелците знаат да бидат себични, ќе го коваат својот пат без да обрнуваат внимание на другите кои им помагаат во тоа. Затоа, не очекувајте да се грижат за вашите чувства ако не одговарате на нивната визија.

Слични содржини