Бруто-платата во март изнесува 60.803 денари

од Nikola Popovski

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2024 година, изнесува 40.496 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 116.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.3 %) и Образование (20.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.8 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.3 %) иПреработувачка индустрија (6.2 %).

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2024 година, изнесува 60. 803 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 116.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22.2 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.7 %) и Образование (20.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.2 %) и Преработувачка индустрија (6.1 %).

Слични содржини