Интересен десерт за љубителите на чоколадо и портокали. Состојки Тесто 3 јајца 3 лажици масло 3 лажици млеко 50 мл сок од портокал 150 грама брашно 150 грама шеќер 1 ванилин шеќер 1 прашок за пециво 10 грама какао Глазура 2 лажички какао 1 лажица шеќер 3 лажици ладна вода 1 лажица шеќер во прав
За подготовка на тестото потребно е
1. Јајцата да се изматат со жица во еден сад. Се додава шеќерот и ванилиниот шеќер и се меша со жицата 2-3 минути. Се додаваат млекото, маслото и сокот од портокал и се промешува. Во друг сад се додаваат брашното, прашокот за пециво и какаото и се соединуваат. Потоа се додаваат во другата смеса и се промешува додека да се соедини смесата и да нема грутчиња. Се става смесата во подмачкан калап со масло и се печи во загреана рерна на 180° 20-30 минути.
За подготовка на глазурата потребно е
2. Во еден сад да се стават какаото, шеќерот и водата. Се промешуваат додека да се соедини смесата и се остава во фрижидер 15 минути.
3. Откако ќе се испечи колачот се вади од калапот и веднаш се става глазурата. Се поросува со шеќерот во прав.
Предноста на овој колач е тоа што може да се сервира топол.